Новиот репрезентативец на Македонија, Итан Хап по една сезона си замина од тимот на Гран Канарија и својата кариера ќе ја продолжи во Валенсија.
Со својот нов клуб, американскиот центар со македонски пасош потпиша договор на две години и ќе се обиде да му помогне да дојде до титулата во Еврокупот со што повторно би обезбедил пласман во Евролигата. Минатата сезона во Еврокупот просечно постигнуваше по 11,5 поени и 5,5 скока, но Гран Канарија мошне рано го заврши својот пат во ова натпреварување.

Валенсија е вкупно трет шпански клуб во кариерата на Хап кој пред Гран Канарија, една сезона настапуваше и во Бреоган.


