Јуниорската репрезентација на Македонија денеска има слободен ден на Европското првенство во Белград, а утре ја очекува настап во осминафиналето.
Противникот е еден од најсилните и традиционално кандидат за титулата на овие натпреварувања – Шпанија. На овој шампионат, „фуријата“ е втора најефикасна репрезентација, со 288 поени, веднаш зад Литванија со која македонската репрезентација играше во првото коло. Со таков ефект Шпанците го освои првото место во својата група во која беа уште Словенија, Белгија и Летонија.
Следен противник на Македонија, во зависност од тоа дали ќе победи или не, ќе биде Израел или Турција. Во конечниот пласман, нашата репрезентација не смее да биде меѓу најслабите три на првенството за да обезбеди опстанок.


