Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години е подготвена за настап на Европското првенство од Дивизијата Б, кое почнува денеска во Романија.
Младите македонски кошаркарки под водство на селекторот Виктор Петровски го одработија подготвителниот период и со голема мотивација заминуваат на континенталниот собир, каде ќе се обидат достојно да го претстават националниот дрес.
Македонија на шампионатот ќе настапува во групата Д, каде за противници ќе ги има селекциите на Грција, Словачка, Данска и Велика Британија. Европското првенство ќе биде нова можност за младата генерација македонски кошаркарки да стекне драгоцено искуство и да се надигрува со силни европски селекции.
Стручниот штаб во изминатиот период работеше на подигнување на формата, усовршување на тактичките замисли и создавање тимска хемија пред најважните натпревари.
Целта на македонската селекција е со борбена игра, дисциплина и максимален ангажман да оствари што подобар резултат на европската сцена и да покаже дека женската кошарка во Македонија има светла иднина. Проблем ќе бидат повредите бидејќи екипата во последен момент остана без капитенот Дора Алексова која се повреди и не отпатува за Романија.
Европскиот предизвик во Романија ќе биде голема шанса за младите репрезентативки да го покажат својот потенцијал и да го носат македонскиот дрес со гордост.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
31.07 Македонија – Данска 17:30
01.08 Македонија – Грција 20:00
02.08 Македонија – Велика Британија 20:00
05.08 Македонија – Словачка 15:00
СОСТАВ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈ
Глорија Груевск
Ива Колев
Ангелина Ангеловск
Дарија Панков
Јана Пислевска
Нина Карајанов
Лилјана Ѓорѓиева
Теа Трајковска
Сиандра Зиба
Вања Милосављевиќ
Теодора Мариновска
Душица Мицева
СЕЛЕКТОР: Виктор Петровски
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Арин Агич
АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Оливер Стојмановиќ
ФИЗИОТЕРАПЕВТ: Бојан Јаневски
ДОКТОР: Љубица Стојановска


