Вечерва од 20:30 часот, во рамките на второто коло од Евролигата, во Милано ќе се сретнат екипите на Олимпија и Париз.
Меѓу другото, тоа ќе биде и пресметка на двајцата македонски репрезентативци Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс кои веројатно ќе имаат многу заеднички дуели бидејќи играат на иста позиција. Тоа ќе биде нивна прва пресметка на официјален натпревар затоа што никогаш досега не им се вкрстија патиштата и играа во различни натпреварувања.

И двете екипи се надеваат на прва победа во Евролигата оваа сезона. Во воведното коло, Олимпија Милано загуби на гостувањето кај Монако, а Париз беше поразен на домашен терен од Црвена Звезда.


