Тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун упати критики на сметка на првата ѕвезда на тимот Никола Јокиќ по синоќешниот дебакл од Њујорк на домашен терен.
За шампионот од 2023 година тоа беше најтежок пораз оваа сезона (118-145) и сега има биланс 9/7. На прес-конференцијата, Мелоун беше прашан дали овој неуспех треба да се заборави и да се продолжи напред, но тој беше мошне лут и така одговори. Притоа го посочи и Никола Јокиќ како еден од оние кои треба да го поведат тимот.
„Ништо нема да заборавиме, нема да заборавиме дека не посрамија, дека примивме 145 поени… Не се трудевме и не изгледавме добро. Ми требаат гласни лидери на теренот. Расел Вестбрук е гласен лидер, но ни треба повеќе од тоа, ми треба Никола Јокиќ“, рече Мелоун, барајќи од српскиот ас понекогаш да им викне на своите играчи.
Јокиќ ги прифати критиките и рече дека тренерот е во право кога бара од него и останатите да го поведат тимот. До пред една недела, тој беше надвор од тимот и пропушти три натпревари, но откако се врати, на два меча по ред оствари трипл дабл. Сепак, работите во Денвер не одат според посакуваното и тимот се наоѓа на седмата позиција на Западот.


