Во редовите на МЗТ Скопје Аеродром владее оптимизам пред стартот на новата сезона, а амбициите се високи уште од првиот официјален натпревар.
„Металците“ во Куманово пристигнуваат со јасна цел – сезоната да ја започнат со трофеј. МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со МКК Куманово во Суперкупот „Драган Василов – Цевка“, натпревар кој воедно ќе биде првиот официјален дуел за двата тима во новата сезона.
„Очекувам добра игра и добра атмосфера. Новата сезона носи нови предизвици, а нашиот ростер е спремен да ги прифати. По добрите подготовки очекуваме и добри резултати“, вели крилото на МЗТ Скопје Аеродром, Андреј Маслинко.
На спротивната страна ќе биде мотивираниот домашен состав на МКК Куманово, кој за првпат во својата историја ќе се бори за трофејот во Суперкупот, пред својата публика.


