По пауза од нешто повеќе од една сезона, Љупчо Малинков повторно ќе го води тимот на Гостивар.
Кавадарчанецот се враќа на тренерската позиција во клубот кој го водеше во сезоната 2022/23. Во меѓувреме беше и шеф на стручниот штаб на Академија ФМП, но не успеа да го спаси тимот од испаѓање од прволигашката конкуренција. Претходно Малинков го водеше и Еуро Никел, како и неколку екипи од Косово.
Гостиварци беа мошне тивки во досегашниот дел од летото и досега не ангажираа ниеден нов кошаркар, а во меѓувреме си заминаа Тома Стојановски (ТФТ) и Војче Лефкоски (Маџари). Од клубот најавуваат дека во периодот што претстои ќе биде комплетиран тимот и најверојатно на почетокот од септември ќе почнат подготовките за новата сезона.


