Десетгодишната љубов меѓу Денвер и Мајк Мелоун заврши пред неколку дена, а денеска трофејниот стручњак со проштално писмо се збогува од Нагетс и неговите навивачи.
Во писмото кое го објави на социјалните мрежи, Мелоун го спомна семејството Кренке кое е сопственик на франшизата, но не го спомна најдобриот играч во тимот Никола Јокиќ со кого соработуваше десет години.
„Пред една деценија добив неверојатна прилика да станам главен тренер на Нагетс. Не можев ни да замислам колку таа одлука ќе ми го обликува животот. Сакам да изразам најдлабока благодарност до семејството Кренке, на сите кошаркари мојот стручен штаб. Беше чест да се работи со вас“, напиша, меѓу другото, Мелоун.
Тој ќе остане запишано во историјата на Денвер Нагетс како освојувач на првата шампионска титула во постоењето на франшизата.


