Поранешниот српски репрезентативец Бобан Марјановиќ ќе го напушти тимот на Фенербахче, само три месеци откако потпиша со клубот од Истанбул.
Според литванскиот портал Баскетњуз, одлуката е веќе донесена затоа што Фенербахче во меѓусебниот договор имаше клаузула за раскин на соработката пред јануари. Тренерот Шарунас Јасикевичиус одлучил да го задржи Кем Бирч, а клубот е во потрага по нов центар при што во прв план е Венјем Гејбриел од Макаби.
За периодот поминат во Фенер, Марјановиќ одигра само шест натпревари во Евролигата со просек од 4 поени, 3,5 скока и 5,2 асистенции. Во турското првенство беше нешто подобар, постигнувајќи по 10,1 поен и 4,9 скока.


