Легендата на шпанската кошарка Марк Гасол синоќа доби огромна чест откако Мемфис Гризлис го повлече неговиот дрес со број 33.
Сега тој е втор играч во историјата на франшизата чиј број е повлечен од употреба, кој Зек Рендолф чија 50-ка беше качена под сводовите на арената на 11 декември 2021 година. Интересно е тоа што Марк доби ваква чест пред неговиот брат иако Пау играше за Гризлис осум години и во тој период беше еден од најдобрите не само во тимот, туку во лигата.
Марк Гасол го носеше дресот на Мемфис од 2008 до 2019 година, за тоа време три пати беше Ол стар, а во сезоната 2012/13 го доби и признанието за дефанзивец на годината. Подоцна играше и во Торонто со кого освои шампионска титула и во Лос Анџелес Лејкерс пред да се врати во Шпанија во 2021 година.
Најголемите успеси, сепак, ги оствари со шпанската репрезентација со која по два пати беше европски и светски шампион, а два пати играше во финалето на Олимписките игри.


