Македонската М18 репрезентација ќе има исклучително напорен распоред на Европското првенство Б-дивизија што ќе се одржи во Скопје од 26 јули до 4 август.
Нашата селекција се најде во една од двете групи со по шест репрезентации што значи дека ја очекуваат пет меча во групната фаза. Ривалите не се нималку наивни, особено Чешка, БиХ и Украина. Чесите минатата година испаднаа од А-дивизијата, но последните години имаат одлични кошаркари. Останатите два ривали се Ирска и Кипар кои се аутсајдери во оваа конкуренција.

За пласман во нокаут фазата, потребно е нашата репрезентација да освои едно од првите две места во групата по што продолжува за напредок во А-дивизијата.


