Покрај јуниорскиот репрезентативец Стефан Стојковиќ кој една недела беше гостин на Мега, во Белград беше и членот на пионерската екипа на Феникс, Данило Филипче.
Станува збор за 13-годишен талент кој веднаш им паднал во очи на скаутите на Мега, пред се поради неговата кошаркарска интелигенција и физичките карактеристики. Иако роден 2011 година, Филипче веќе е висок 195 сантиметри и доминира во својата категорија во првенството на Македонија.

Од Мега постои интерес Филипче да се пресели во клубот и таму да го продолжи своето кошаркарско усовршување, но повеќе работи на оваа тема веројатно ќе се знаат на крајот од сезоната кога тој, заедно со Стојковиќ и неговите ментори од Феникс повторно би требало да гостуваат во Белград.


