Најдобриот германски кошаркар во моментов Денис Шредер ќе ја продолжи кариерата во тимот на Голден Стејт Вориорс и треба да биде големо засилување за поранешниот НБА шампион.
Американскиот новинар Шемс Чаранија тврди дека преговорите се во завршна фаза и се очекува уште вечерва се да биде финализирано со оглед на тоа што утре почнува преодниот рок во НБА. Бруклин Нетс во Голден Стејт ќе ги пратат Шредер и еден пик во втората рунда на драфтот во замена за Диентони Мелтон и три пика во втората рунда.
Шредер е еден од најдобрите плејмејкери во светот со долго искуство во НБА, како член на Атланта, Оклахома, Лејкерс, Бостон, Хјустон, Торонто и Бруклин. Најголемиот успех во кариерата, сепак, го постигна со германската репрезентација со која триумфираше на ланското Светско првенство при што беше избран и за МВП на шампионатот.
Голден Стејт релативно добро ја почна сезоната и во моментов е на петтото место во Западната конференција со биланс 14/10.


