Македонскиот суперлигаш Куманово продолжува со засилувањата во тимот, а најновото засилување е искусниот српски кошаркар Стефан Фундиќ кој треба да донесе дополнителна цврстина и искуство во играта под кошевите.
Фундиќ има 32 години, висок е 200 сантиметри и може да ги покрие 4 и 5. Станува збор за кошаркар со богато меѓународно искуство, кој во досегашната кариера настапувал во неколку европски првенства, меѓу кои српското, хрватското, босанското и германското.
Најголемите успеси ги остварил со Игокеа, со која во 2022 година ја освои шампионската титула во Босна и Херцеговина, а претходно двапати триумфираше и во националниот куп. Со Задар, пак, во 2020 година го освои Купот на Хрватска.
Со ангажманот на Фундиќ, Куманово добива кошаркар кој зад себе има настапи на меѓународната сцена и искуство од регионалната конкуренција. Од екипата се очекува да замине Џордан Сешн кој не ги оправда очекувањата од кумановци, но се водат преговори под кои услови ќе го напушти клубот.


