По девет години во НБА, поранешниот српски репрезентативец Бобан Марјановиќ ќе се врати во Европа и претстојната сезона ќе биде член на Фенербахче.
Турскиот гигант уште не го потврдил договорот, но двете страни се согласиле да соработуваат и деновиве Марјановиќ ќе му се приклучи на својот нов клуб. Во договорот ќе има и клаузула која ќе му дозволи на српскиот џин да го напушти Фенербахче во јануари ако до него пристигне понуда за враќање во НБА лигата. И клубот може дотогаш да ја прекине соработката ако не биде задоволен од игрите наа 36-годишниот центар.
Марјановиќ во НБА играше за Сан Антонио, Детроит, Лос Анџелес Клиперс, Далас и Хјустон, забележа 331 настап, а последен клуб во Европа пред да замине во САД му беше Црвена Звезда.


