Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ со трофеј ќе дојде на собирот на националниот пред квалификациските дуели против Естонија и Полска.
Со својот Задар, тој денеска триумфираше во Купот на Хрватска, совладувајќи ја во финалето Цибона со 80-68. Сега Мекиќ ги обедини трофеите во Хрватска откако минатата сезона ја освои и шампионската титула во првенството. Заедно со него, успехот го прослави и поранешниот играч на МЗТ Скопје, Хуан Дејвис.
Апсолутен херој на мечот беше Лука Божиќ кој уште еднаш покажа за каков играч станува збор. Божиќ стана прв кошаркар во историјата на Купот на Хрватска кој остварил трипл дабл, постигнувајќи 27 поену, 10 скока и 10 асистенции по што, очекувано, беше прогласен за МВП на финалето.
За Задар ова е деветта титула во Купот на Хрватска со што се израмни со Цибона како најтрофејни екипи во ова натпреварување.


