Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ одлично се снајде по своето враќање во тимот на Задар.
Откако против Цедевита Јуниор постигна 16 поени, синоќа тој оствари дабл дабл во дуелот со Кварнер. За 27 минути во игра, 30-годишниот шутер реализира 15 поени и десет скока и беше меѓу најзаслужните за новиот триумф на тимот на Задар.
Актуелниот шампион на Хрватска се наоѓа убедливо на првото место на табелата со 46 бода, шест повеќе од Сплит кој е со натпревар помалку.


