Њујорк Никс ја прекина серијата од четири порази откако ноќеска го победи Бруклин Нетс во Медисон Сквер Гарден.
Освојувачот на НБА купот претрпе девет порази на претходните 11 натпревари, но ноќеска го уништи својот градски ривал со 120-66, нанесувајќи му го најтешкиот пораз во историјата. Во исто време, Никс остваријја рекордна победа во своето постоење, надминувајќи го досегашниот најдобар ефект кој изнесуваше 48 поени, постигнат три пати, во 1994, 1972 и 1968 година. Домаќините водеа со дури 59 поени разлика во текот на натпреварот со што го претворија дербито на Њујорк во вистинска демонстрација на сила.
Џејлен Брансон го предводеше нападот со 20 поени, но Ландри Шамет го украде шоуто со исклучителен настап: 18 поени за само 15 минути игра, вклучувајќи совршени 6 од 6 шутеви за тројка.
„Поминуваме низ прилично тежок период и сега не станува збор само за еден натпревар. Потребно е континуирано да се подобруваме и растеме“, рече Шамет по натпреварот.
Колективната ефикасност на Никс беше извонредна, со процент на шут од поле од 57,5% и 50% од шут за три поени (16/32). Спротивно на тоа, Бруклин се мачеше, шутирајќи само 29% (23/79) и потфрли во секоја категорија: скокови (27/56), асистенции (15/28) и поени од контранапади (4/29).


