Дербито на 20. коло од Првата македонска кошаркарска лига меѓу Чаир и МЗТ Скопје е прекинато на полувреме и нема да се доигра.
Според официјалните информации, причина за прекинот е физички напад врз гостинските кошаркари додека заминувале кон соблекувалната на паузата меѓу двете полувремиња. Поради тоа, играчите на МЗТ Скопје не сакаа да се вратат на теренот и натпреварот официјално беше прекинат, а за конечниот исход дополнително ќе се одлучува.
Во моментот на прекинот, МЗТ Скопје водеше со 44-42 иако на околу три минути пред крајот на полувремето, Чаир имаше предност од 40-30.


