Реал Мадрид ја „исчисти“ Барселона со 3-0 и прв обезбеди пласман во големото финале од шпанското првенство.
Во третиот меч од серијата, одигран во „Блауграна“, Реал славеше со 95-92, а победникот се решаваше во последните минути. Најзаслужен за победата на мадридскиот тим беше Факундо Кампацо, не само затоа што беше најефикасен со 21 поен, туку и бидејќи во финишот постигна неколку важни кошеви.
Во финалето, Реал ќе се сретне со подобриот од серијата меѓу Мурсија и Уникаха каде Мурсија води со 2-1 и игра на домашен терен на четвртиот натпревар. За Реал тоа ќе биде 13. финале во АЦБ лигата во последните 14 години.


