Екипата на Партизан е прв финалист во АБА лигата откако со 2-0 го елиминира својот најголем ривал Црвена Звезда.
По триумфот во понеделникот, „црно-белите“ славеа и вечерва, со 89-78 и експресно ставија крај на серијата. Противник во финалето ќе му биде подобриот од пресметката меѓу Дубаи и Будуќност каде тимот од ОАЕ вечерва поведе со 1-0, по победата од 104-90.
Партизан немаше никакви проблеми на денешниот натпревар, првата четвртина ја доби со 28-16, а на голем одмор замина со +16 (49-33). Предноста во третиот период отиде и на 20 поени (60-40), а Звезда во ниеден момент во второто полувреме не успеа да намали не едноцифрена негатива.
Оваа сезона Партизан и Звезда одиграа шест меѓусебни дуели во три натпреварувања, а „црно-белите“ водат со 4-2. Уште еднаш можат да играат во финалето од домашното првенство чија завршница ќе се одржи во Ниш.


