По неколку трејдови ова лето, српскиот репрезентативец Василије Мициќ вечерва официјално доби отказ од Милвоки Бакс кој го откупи неговиот договор и му овозможи да продолжи понатаму во кариерата.
Искусниот плејмејкер одамна се поврзува со неколку евролигашки клубови, но се очекуваше разврската околу неговата судбина во НБА. Американските медиуми тврдат дека не ги добил очекуваните 8 милиони долари колку што му беа загарантирани со договорот, но сепак заработил солидна сума.
Засега нема точни информации каде Мициќ би можел да ја продолжи кариерата. Денеска српски медиуми објавија дека тој не ги прифатил понудите на Фенербахче и Хапоел Тел Авив, Звезда не била конкретна, па како најголем фаворит за неговиот потпис се наведува Дубаи.


