Василије Мициќ е најплатениот кошаркар во Евролигата за сезоната 2026/27, објавија специјализираните кошаркарски европски медиуми.
Српскиот репрезентативец лани се пресели од НБА лигата се пресели во Хапоел Тел Авив. Израелскиот клуб за неговите услуги издвојува 5,6 милиони долари по сезона, а Мициќ, покрај платата, добил и акции во клубот.
На второто место се наоѓа Кендрик Нан од Панатинаикос со годишна заработка од 5,3 милиони долари, додека неговиот соиграч Гершон Јабуселе е трет со пет милиони долари. Четврти на листата е Најџел Хејс-Дејвис, за кого Панатинаикос издвојува 4,5 милиони долари годишно.
Во самиот врв е и Саша Везенков од Олимпијакос со 4,2 милиони долари, додека новото засилување на Панатинаикос, Силвен Франсиско, ќе заработува четири милиони долари по сезона. Во топ-10 се уште Илајџа Брајант, со плата изнесува 3,6 милиони долари, па Џанан Муса од Дубаи со 3,5 милиони долари, а во групата со по 3,2 милиони се Никола Милутинов, Еван Фурние, Матијас Лесор и Томас Вокап.
Интересно е што меѓу најплатените не се најде Шејн Ларкин, кој во Фенербахче заработува околу три милиони долари годишно. Под границата од три милиони се и некои од најпознатите центри во Европа, меѓу кои Валтер Таварес и Јонас Валанчиунас.


