Поранешниот МВП во Евролигата, Василије Мициќ до крајот на сезоната ќе игра во Шарлот Хорнетс.
Оклахома Сити Тандер го чекаше три години да се одлучи на преселба во НБА, а се откажа од него по само четири месеци. И во досегашниот период немаше голема минутажа, но барем играше во екипа со високи амбиции што не е случаj со Хорнетс кои се на 14. позиција на табелата во Источната конференција со само 10 победи на 50 натпревари и сигурно ќе ја заврши сезоната кон средината на април кога финишира основниот дел од лигата.
Во трејдот е вклучен и поранешниот кошаркар на Партизан, Давис Бертанс, како и Треј Мен кои заминуваат во Шарлот, додека Оклахома го добива Гордон Хејворд, можеби најдобриот играч на тимот од Северна Каролина.


