Центарот на Олимпијакос, Никола Милутинов одигра одличен натпревар во победата на неговиот тим со 104-66..
Српскиот кошаркар е во одлична форма оваа сезона и тоа го потврди против својот поранешен клуб. По натпреварот, беше прашан за ситуацијата во црно-белиот табор, а навивачите на Партизан останаа зачудени, но и гневни од неговите зборови.
„Оваа разлика веројатно не е реална… Им се случија многу работи. Тие се во најлоша форма. Веројатно им е разнишана самодовербата. Тие се во тешка ситуација и само тие знаат како да излезат од неа. Не би сакал многу да коментирам, бидејќи навистина не знам што се случува во клубот. Навистина не ме интересира, сè што ми е важно е што се случува во мојот клуб. Му посакувам на Партизан се најдобро, да најде позитивни работи од сè и, ако е можно, да учи од сопствените грешки. Мора да работат, да се соберат и да излезат од сето ова“, рече Милутинов.
Иако поранешен играч на Партизан и некогашен миленик на навивачите на овој клуб, тој влезе во војна со „Гробари“ откако пред неколку сезони возбудено ги славеше кошевите и победите против „црно-белите“. Поради тоа лани доби громогласни свирежи во Арена и тоа во моменти додека траеше мала свеченост и претставници на клубот му подаруваа дрес со неговото презиме.


