Шампионот во НБА од 2021 година, Милвоки Бакс не ја почна најдобро новата сезона, по првите четири натпревари има само една победа и тоа може да донесе тектонски промени во тимот.
Иако малкумина веруваат, не е исклучено од екипата да си замине првата ѕвезда и еден од најдобрите играчи во светот Јанис Адетокунбо. И тоа не на крајот од сезоната, туку пред завршувањето на преодниот рок, на 8 февруари. Американските медиуми тврдат дека грчкиот репрезентативец веќе размислува за преселба во тим со шампионски амбиции, а веќе има интерес за него од повеќе франшизи.
Сепак, најзаинтересирани, а и со најголеми шанси да го доведат во своите редови се Бруклин Нетс и Мајами Хит кои во моментов се далеку од кругот на фаворити за титула во НБА.


