Македонскиот стручњак Владимир Мирковски денеска ја стартува својата епизода во Војводина која пред три дена го назначи за шеф на стручниот штаб.
Судбината сакаше, 40-годишниот стручњак да дебитира против најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ и некогашниот континентален шампион Партизан. Нема многу Македонци кои можат да се пофалат дека излегле на мегдан со деветкратниот европски првак, па Мирковски денеска ќе има таква чест.

„Куп натпреварувањата се непредвидливи, не секогаш победуваат фаворитите иако сме свесни за фаворитската улога на Партизан. Два дена сум во Војводина и можам да заклучам дека атмосферата во екипата е на одлично ниво. Партизан го има најдобриот европски тренер Жељко Обрадовиќ и денешниот напревар ќе биде едно големо искуство и за мене и за екипата“, рече Мирковски за КОШ.МК.
Тој е втор Македонец во историјата кој седнува на клупата на Војводина по легендарниот Јанко Луковски.


