Поранешниот шпански репрезентативец Никола Миротиќ постигна договор со Барселона околу исплатата на парите кои клубот му ги должи по раскинот на соработката.
Барса ќе мора да му исплати 20 милиони евра во следните 4-5 години поради тоа што лани еднострано ја раскина соработката со него иако имаше договор до 2025 година. „Каталонците“ мораа да го направат тоа за да ги испочитуваат правилата од финансискиот ферплеј и да не му направат проблем на фудбалскиот клуб.
Миротиќ во меѓувреме се пресели во Олимпија Милано и таму најверојатно ќе остане и претстојната сезона што значи дека ќе му биде соиграч на Ненад Димитријевиќ.

