Иако пред три дена тренерот на Олимпија Милано, Еторе Месина изјави дека Никола Миротиќ не е подготвен за настап во дуелот со Партизан, сепак Црногорецот со шпански пасош ќе биде во комбинација за вечерашниот натпревар.
Мироти не играше на претходните два меча на неговиот тим, а последен пат настапи на 18 февруари, во финалето од Купот на Италија кога Олимпија Милано беше поразена од Наполи. Сепак, во меѓувреме успеал да ја санира повредата и ќе игра во исклучително важниот дуел за двете екипи.
Воедно, тоа ќе биде прв меч на Миротиќ против Партизан по летната сага во која ги извиси „црно-белите“ и место во Белград, се пресели во Милано. На првиот дуел на овие две екипи во Евролигата оваа сезона не играше, но сега е подготвен.


