Девет месеци откако го одби Партизан и се пресели во Олимпија Милано, Никола Миротиќ дополнително ги изнервира навивачите на белградскиот тим со изјавата дека не му е жал што не го облекол нивниот дрес.
Неговиот трансфер во Италија не е според очекувањата, имаше и повреда поради која долго паузираше, но и покрај се, вели дека направил правилен потег.
„Апсолутно не жалам, не сум личност која се кае. Секогаш се обидувам да бидам позитивен и да го искористам најдобро она што ми го дава животот“, изјави Миротиќ.
Откако претходните сезони со Барселона се бореше за титулата во Евролигата, сега во прашање му е доведен настапот во плејофот бидејќи на две кола пред крајот на основниот дел, Олимпија Милано има една победа помалку од десеттопласираниот Анадолу Ефес, а во конкуренција се уште Партизан, Валенсија и Жалгирис.


