Алексеј Федоричев, рускиот олигарх и сопственик на кошаркарскиот клуб Монако, се соочува со сериозни финансиски проблеми и повеќе не може лесно да ги плаќа огромните плати на своите ѕвезди.
Иако самото Кнежевство Монако понуди да ги подмири долговите кон своите играчи, неколку од нив, вклучувајќи го и Никола Миртоиќ, веќе почнаа да разгледуваат опции за заминување. Сепак, проблемот за Црногорецот, но и за сите други играчи на Монако кои размислуваат да заминат, е што не можат да се преселат во друг клуб од Евролигата, со оглед на тоа што преодниот рок во елитното европско натпреварување неодамна истече.
Во таква ситуација, Миротиќ нема многу опции: може да оди во Јапонија или може да потпише за еден од тимовите што се натпреваруваат под покровителство на ФИБА, на пример во Лигата на шампионите на ФИБА или ФИБА Европа купот.
Јасно е дека клубовите од Лигата на шампионите на ФИБА не можат да му ја понудат на Миротиќ платата што ја има во Монако. Веројатно би можел да добие најмногу во Хувентут, Галатасарај, Уникаха или Гран Канарија, па поради тоа, шпанските медиуми пишуваат дека Хувентуд во моментов е најподготвен да ја започне „Операцијата Миротиќ“.
Затоа Миротиќ, Мајк Џејмс и компанија сè уште не го напуштиле Монако. Наводно сакаат да останат, но ако нивните плати не се исплаќаат редовно, нема сомнение дека ќе преземат радикални чекори.


