Екипата на МКК Куманово првпат во својата кратка историја ќе игра финале во Купот на Македонија откако вечерва го совлада ТФТ.
Јасно е дека финалето ќе донесе спектакл, ќе се сретнат бранителот на трофејот МЗТ Скопје и домаќинот МКК Куманово. Интересно финале очекува и една од најголемите ѕвезди на кумановскиот тим Максим Митевски.
„Голема благодарност за нашата публика која два дена по ред ја исполнува салата до крај што нам ни претставува дополнителна мотивација да го претставиме клубот и градот. Натпреварот со ТФТ беше исклучиво тежок, но успеавме да дојдеме до победата. Не застануваме тука, утре не очекува шампионот МЗТ Скопје, очекувајте го најдоброто од нас“, истакна бекот на МКК Куманово.


