Градот Куманово е на добар пат идната сезона повторно да има прволигаш, но не оној кој своевремено беше вицешампион и финалист во Купот на Македонија, туку новоформираниот МКК Куманово.
Проектот предводен од Марин Докузовски ја оддува конкуренцијата во основниот дел од сезоната и со 21/0 ќе влезе во плејофот. Тоа го прави апсолутен фаворит за титулата во второлигашката конкуренција, но пред се за пласман во елитната дивизија од македонската кошарка. Дотаму му остануваат уште две пречки – Мега Баскет во четвртфиналето и поодобриот од серијата меѓу Ангели и МЗТ Скопје УБ во евентуалното полуфинале.
Второто место по основниот дел го освои Шкупи кој со Тони Симиќ на клупата има амбиции по долго време да се врати по Првата лига. Од второлигашката конкуренција испаѓа Тетекс, а претходно лигата ја напушти КК Куманово.
ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО
(1) МКК Куманово – Мега баскет
(2) Шкупи – Борец баскет
(3) Маџари – Соколи 1933
(4) Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка
ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕТО
Победник 1 – Победник 4
Победник 2 – Победник 3


