Екипата на МКК Куманово ја прекина серијата од три порази и остана во игра за пласман во плејофот од Суперлигата откако вечерва го совлада Кожув на домашен терен со 89-82.
Кумановци дојдоа до триумфот и покрај очајната прва четвртина во која примија 32 поена, повеќе отколку во втората и третата заедно. Домашниот тим возврати во вториот период, но победникот се решаваше во последните десет минути.
До три минути пред крајот Кожув беше на еден посед негатива, но не го издржа темпото на домашниот тим. Херој беше Лука Димитриевски кој постигна пет поени по ред за 81-74, а потоа му се приклучи Стевановиќ со уште шест поени и отпорот на гевгеличани веќе беше скршен.
Стевановиќ беше и најдобар играч со 30 поени и 10 скока, а Димитриевски иако од клупата, заврши како втор стрелец со 18 поени. Боуен го предводеше Кожув со 20 поени и 11 скока, но се истакна и Николас со 18 поени, девет асистенции и седум скока.
Судбината на МКК Куманово ќе се решава идниот викенд во Градски парк против Работнички кому натпреварот исто така му е од големо значење во битката за опстанок.


