По Бобан Стајиќ и Бојан Крстевски, екипата на МКК Куманово го донесе третото засилување за новата сезона во која повторно ќе има високи амбиции.
Нов член на кумановскиот тим е досегашниот играч на вицешампионот Маџари, Алек Петкоски кој треба да му се стави на располагање на поранешниот селектор на Македонија, Марин Докузовски. Минатата сезона во дресот на Маџари, Петкоски просечно постигнуваше по 3,6 поени за безмалку 15 минути во игра.
Пред да дојде во Маџари, 22-годишниот Петкоски играше и за Феникс што значи дека веќе има долгогодишно суперлигашко искуство.


