У20 репрезентацијата на Македонија денеска ќе го одигра првиот пријателски натпревар, по осум дена од почетокот на подготовките за Европското првенство Б-дивизија што ќе се одржи во Братислава.
Прв противник на македонската млада селекција ќе биде БиХ, попладнево од 18 часот во малата сала во СРЦ Кале. Предвидено е со истиот ривал да играме и утре, а по двата меча, селекторот Никола Велев ќе има појасна слика за тоа со што располага во моментов.
„Веќе сме влезени во вториот микроциклус, период во кој ќе одиграме четири пријателски натпревари. По две со селекциите на Босна и Херцеговина и Бугарија. Овие натпревари ќе ни послужат не само за да добиеме моментална слика за нашата работа во изминатиот период, туку и за да го одржиме континуитетот на раст и развој како екипа, што би требало да кулминира на Европското првенство во Словачка”- коментира Велев пред денешниот меч.
Европското првенство почнува на 10 јули што значи дека селекторот иман уште нешто повеќе од две недели да го склопи тимот кој ќе отпатува за Братислава.


