И единствената македонска младинска репрезентација која претстојното лето ќе учествува на Европско првенство во А-дивизија ги доби своите ривали.
Селекцијата до 20 години ќе се натпреварува на првенството во Гдиња, Полска од 13 до 21 јули, а во групата ќе ја има Шпанија која е еден од најголемите фаворити на секој шампионат, без разлика што лани заврши дури на десеттото место. Покрај Шпанија, во групата се уште селекциите на Турција и Белгија.

Македонската У20 репрезентација, првпат по 17 години ќе игра на Европско првенство во елитната дивизија.


