Македонската У20 репрезаентација го доживеа и вториот пораз на гостувањето во Црна Гора откако денеска загуби 58-73.
Како и вчера, клучна беше последната четвртина во која домаќинот направи серија од 13-0 за водство од 59-46 кое потоа успешно го одржуваше до крајот. Претходно, во најголем дел од мечот се играше израмнето иако Црногорците го диктираа темпото и речиси постојано беа во водство.
Тома Стојаноски повторно беше најефикасен во македонската репрезентација, со 15 поени, а по 12 реализираа Шошкиќ и Симиќ. Младинците се враќаат во Скопје каде ќе ги продолжат подготовките за Европското првенство, а идниот викенд ќе одиграат два пријателски меча со Словачка.


