У20 репрезентацијата на Македонија во петокот и денеска одигра два пријателски натпревари против Словачка и оствари две победи.
Пред два дена славеше тесно, со 60-53, а денеска буквално го растури својот противник, совладувајќи го со 80-54. На првиот натпревар најдобар беше Ненад Јовановиќ кој неодамна ѝ се приклучи на репрезентацијата и постигна 20 поени, а по него беше Тома Стојановски со 12 поени и 8 скока.
Денеска не функционираше шутот од далечина, нашите кошаркари погодија само четири тројки од 19 шута, но сепак дојдоа до убедлив триумф. Најефикасен играч беше Теодор Симиќ со 19 поени, но се истакнаа уште Петар Бошалески кој постигна 17 поени и 7 скока и Тома Стојановски со 15 поени, 5 скока и 5 асистенции. На денешниот меч, нашата репрезентација настапи со само 11 играчи.
До заминувањето за Полска, каде се одржува Европското првенство (13-21.07), нашите младинци имаат уште два пријателски меч, против микс колеџ селекција на САД на 4 јули и Швајцарија два дена подоцна.


