Еден од најталентираните македонски кошаркари Коста Ќириловски во новата сезона ќе го носи дресот на Пелистер.
Во битолскиот клуб, 20-годишниот кошаркар доаѓа од Кожув каде ја мина минатата полусезона, а претходно играше за филијалата на Игокеа, Студент. За Кожув претходната натпреварувачка кампања, просечно постигнуваше по 5,5 поени за 14 минути во игра.
На неодамнешното младинско Европското првенство Б-дивизија во Словачка, Ќириловски беше еден од најдобрите македонски кошаркари со просек од над 13 поени по натпревар.
Ќириловски е трето засилување за Пелистер во пресрет на новата сезона, по Благој Димитриев и Американецот со македонско потекло Алонзо Едвард Денинг. Битолскиот суперлигаш има и нов тренер – Тане Спасев.


