Спортската јавност во Србија се уште е во шок по тепачката која се случила во понеделникот рано наутро во Белград, а во која учествуваа четворица кошаркари на Партизан.
Пред ноќен клуб во центарот на градот, тие се степале со непознати момчиња, а на снимката објавена во јавноста може да се види дека Џонс во еден момент удира еден од нив со шише во главата. Притоа шишето се скршило, а плејмејкерот на Партизан продолжува да го удира со остатокот.
Српските медиуми тврдат дека момчето кое го извлекло најдебелиот крај е голем навивач на Партизан за што сведочи и поранешниот српски репрезентативец Александар Пријовиќ. Причина за тепачката била една девојка што се нашла во друштво на кошаркарите, а момчето сега има 50 конци на главата.


