Францускиот прволигаш Монако ја комплетираше „осумката“ која ќе учествува во плејофот од Евролигата откако во финалето од плејинот ја совлада Барселона со 79-70.
Одлучувачка се покажа првата четвртина, Монако влезе максимално ангажирано и ја доби со 26-14, па Барселона потоа само каскаше зад домаќинот. Во последниот период гостите успеаја да се доближат на шест разлика, но не симна подолу од тоа и не го направи неизвесен финишот.
Монако си обезбеди серија со Олимпијакос кој го освои првото место по основниот дел од сезоната. За Барса ова е капак на катастрофалната сезона која успеа да ја спаси ни Чави Пасквал.


