Петта победа по ред за Монако во Евролигата и тоа е тимот што се наоѓа во најдобра форма во овој момент во елитното натпреварување.
Тимот на Василис Спанулис успеа да го победи досегашниот лидер Валенсија како гостин и сега е на само чекор од челната позиција на табелата. Монако славеше со 101-92 со што продолжи и со одличните резултати од почетокот на 2026 година.
Недовиќ имаше огромен придонес за победата бидејќи одигра фантастична последна четвртина. Во неа постигна 11 поени по ред од кои три тројки и една двојка, па мечот го заврши со 16 поени како втор стрелец во својот тим, зад Дијало кој реализира 17. Тејлор беше најефикасен во домашниот тим со 18 поени за домаќините, Томпсон 17, а Монтеро 15.
Сега двата тима имаат скор од 14/7 и се наоѓаат на делба на втората позиција, зад Хапоел Тел Авив кој има еден натпревар помалку.
РЕЗУЛТАТИ
Дубаи – Фенербахче 92-81
Панатинаикос – Виртус 84-71
Валенсија – Монако 92-101
Реал – Макаби 98-96


