Босанскиот шампион Босна ќе биде дел од Еврокупот во сезоната 2026/27, откако Евролига објави дека тимот од Сараево ќе го замени Монако во групната фаза.
Босна ќе настапува во групата Д, на местото на францускиот клуб Монако, со што сараевскиот состав добива можност повторно да се претстави на европската сцена. Одлуката е официјално потврдена од Евролига, па Босна доби можност по пауза од 19 години да се врати во Еврокупот.
За клубот од Сараево ова претставува значаен момент и можност за враќање во европските натпреварувања на високо ниво. Босна е еден од историски најзначајните кошаркарски клубови од регионот, поранешен европски шампион, а настапот во Еврокупот ќе биде дополнителен мотив за тимот и неговите навивачи.
Со вклучувањето на Босна, составот на групата Д претрпува промена, а сараевскиот клуб ќе се соочи со силна конкуренција во борбата за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Во таа група се уште Бахчешехир, Балкан, Манреса, Лиеткабелис, ПАОК, Улм и Рома.
Монако неодамна беше исфрлен и во Третата француска лига, па се обидува да влезе во АБА додека му виси егзистенцијата.


