По нешто повеќе од три години на клупата, српскиот стручњак Саша Обрадовиќ денеска доби отказ од тренерската функција во Монако.
Шампионот на Франција бележеше релативно добри резултати во Евролигата од почетокот на оваа сезона, но во домашното првенство претрпе неколку шокантни порази од кои чашата ја прели вчерашниот, од Ле Ман на домашен терен со 74-86 поради што Обрадовиќ доби свирежи од домашните навивачи.
L'AS Monaco Basket et Sasa Obradovic ont décidé de mettre fin à leur collaboration d'un commun accord.
Sasa Obradovic a apporté de la rigueur et travaillé sans relâche depuis le début de cette aventure humaine en décembre 2021, après un premier passage de 2019 à 2020. Avec au… pic.twitter.com/S2B56whWAs
— AS Monaco Basket 🇲🇨 (@ASMonaco_Basket) November 18, 2024
Веста за раскинот на соработката ја потврди и Кошаркарскиот клуб Монако преку својата официјална интернет страница каде објави дека привремен, а можеби и перманентен, наследник ќе биде неговиот досегашен асистент Манучар Маркоишвили.
Обрадовиќ го водеше Монако од 2021 година и тоа беше негов втор мандат на клупата на овој тим, имајќи предвид дека претходно беше негов тренер во сезоната 2019/20. За трите сезони како шеф на стручниот штаб, српскиот стручњак стана најуспешен во историјата на клубот со две шампионски титули (единствени на клубот и освоени во 2023 и 2024), еден Куп на Франција (2023) и со историски пласман на завршниот турнир од Евролигата во 2023 година кога го освои третото место.


