Француското дерби во Евролигата, меѓу Монако и Париз излезе еден од најефикасните натпревари во историјата на елитното натпреварување откако клубот од кнежевството победи со 125-104.
Во три од четирите четвртини Монако постигна над 30 поени, а мечот го заврши со 68% за два, 61% за три и 86% од линијата за слободни фрлања, плус 29 асистенции. Освен тоа, тимот предводен од Василис Спанулис го собори рекордот на Евролигата откако стана прв кој постигнал 125 поени на натпревар на кој немало продолжение.
Досегашниот рекорд изнесуваше 123 поени, а го држеа две екипи: Панатинаикос од 21 ноември 2007 година и Макаби од 25 ноември 2004 година.


