Македонскиот репрезентативец Рубин Стефанов одигра блескав натпревар во јуниорската лига на Италија, во дресот на Ланчано.
Неговиот тим ја победи Перуџа со 105-43, а нашиот кошаркар сам постигна повеќе поени од целата противничка екипа. Стефанов го заврши натпреварот со 51 поен, плус 7 асистенции и 5 скока и оствари индекс 58 што ретко се гледа на кошаркарските терени, без разлика за која категорија станува збор.
Рубин Стефанов е еден од најголемите таленти во македонската кошарка, играше за сениорската репрезентација во квалификациите за Светското првенство во 2023 година, но оттогаш го нема во националниот тим. Неколку години е во Италија и допрва се очекува да го покаже својот потенцијал на сениорско ниво.


