Како што стојат работите, ова е процес што повеќе не е можно да се запре и НБА најверојатно ќе има свое натпреварување на европско тло веќе во октомври идната година.
Сè уште не е познато каков ќе биде форматот на натпреварувањето и кои клубови ќе учествуваат во НБА Лигата на Европа, но од последната изјава на Марк Тејтум, заменик-комесар на НБА и главен оперативен директор, одговорот на тоа прашање е повеќе или помалку јасен.
„Исклучително сме охрабрени од конечните понуди што ги добивме за постојани франшизи во новата лига во Европа, поддржани од НБА и ФИБА, што го одразуваат огромниот интерес и моментумот на овој проект. Ова ќе претставува најголем прилив на капитал што европската кошарка некогаш го видела и веќе имаме јасни фаворити во секој од нашите 12 целни градови, вклучувајќи многу постоечки кошаркарски и фудбалски клубови. Сега ќе соработуваме со одборите на директори на НБА и ФИБА за да ги финализираме долгорочните договори“, рече Тејтум.
Финансиските детали изгледаат едноставно нереални за европска спортска можност: НБА доби голем број понуди кои се движат од 500 милиони до над милијарда долари по франшиза! Барања за купување место поднеле повеќе од 20 постоечки фудбалски и кошаркарски клубови. Секој клуб и инвестициска група од потесниот список на НБА официјално поднесоа обврзувачки понуди за сите 12 целни градови.
Според најавите, 12. целни градови се: Лондон, Париз, Мадрид, Берлин, Минхен, Милано, Рим, Истанбул, Барселона, Манчестер, Лион и Атина, но постои можност во блиска иднина тој број да се зголеми.


