Финскиот кошаркар Мика Муринен не успеа да се етаблира во дресот на Партизан. Дојде во белградскиот клуб по одличниот Еуробаскет, но не се покажа. Збогувањето е неизбежно, а очигледно ќе ја продолжи кариерата на некој колеџ.
Ниеден од тројцата тренери во Партизан не виде квалитет кај Финеџот. Не добиваше минутажа кај Жељко Обрадовиќ, Мирко Оцокољиќ или Жоан Пењароја, а сега замина на „Најк Хуп Самит“ каде што ќе игра со најперспективните играчи во светот. Таму ќе се обиде да се наметне, но и да донесе компензација која ја очекуваат во Партизан. Неколку тимови од НЦАА се заинтересирани за него, вклучувајќи го и новиот шампион, Мичиген, а во комбинација се уште Арканзас, Индијана, Мисисипи и Јута.
Се проценува дека Муринен би можел да замине за 1.500.000 долари. Сè ќе зависи од тоа како Финецот ќе се претстави на гореспоменатиот самит, каде што би можел да ја зголеми својата цена, што би му донело и профит на Партизан, кога веќе не помогна на теренот. Тој одигра вкупно осум натпревари во АБА лигата, а во просек имаше 4,1 поен и 1,9 скока.


