Без разлика што вели статистиката, не постои играч во македонската Прва лига кој има толкаво влијание врз својот тим, а притоа тој се бори за трофеите како што е случајот со Војдан Стојановски.
Откако популарниот Војо се врати во Македонија, МЗТ Скопје загуби само еден пехар и тоа во Купот, но непосредно по неговото доаѓање во тимот од Аеродром. Кога тој е на теренот и соиграчите се посигурни, а иако има 36 години, Војдан се уште се бори за секоја топка како да е на почеток на својата кариера.

Кога станува збор за статистиката, оваа сезона тој одигра 20 натпревари во првенството со просек од 12,6 поени, 3,8 скока и 1,9 асистенции за индекс од 16,8.


